Американската компанија Kirei ги претстави иновативните панели за звучна изолација коишто се изработени од рециклирани пластични шишиња.
Она по што се карактеристични овие панели, освен исклучителната звучна функција, е тоа што може да се направат во било каква форма и во различни бои. Звучните панели се спојуваат на многу едноставен начин, па нивното монтирање и демонтажа се прилично лесни.
Освен што користат рециклиран материјал, EchoPanel може и самите да се рециклираат, што значи дека се еколошки прифатливи.
“Секој EchoPanel и плочка во себе содржат 60% рециклирана пластика. Ова значи дека пластичните шишиња што се ставаат во кантата за рециклирање, повторно се користат. Бидејќи EchoPanel се од 100% еколошка пластика, на крајот од нивниот животен век и нив може да ги рециклираме“, стои на страницата на Kirei.