Eco bag – oд рециклирана фолија за билборди до уникатни чанти, паричници, несесери…

82

Фото: Facebook

Eco bag е еколошко и социјално претпријатие во Србија што произведува чанти и паричници од пластична фолија за билборди, пишува Екапија.

Штом билбордот дојде во работилницата, вработените го чистат и го сечат, а потоа следува шиење и кроење. Димензиите на билбордите најчесто се 8х3 метри, од што може да се направат 20-тина чанти.

Вообичаено, компанијата што сака да се рекламира на билборд, има обврска по завршување на кампањата да го преземе назад во рок од шест месеци и да го рециклира. Тој процес се извршува само на две места во овој дел на Европа и тоа за компанијата значи дека мора да плати превоз, царина и дополнителни трошоци. Поради тоа, како што се наведува, eco bag е многу поевтина варијанта. Преку нивните чанти, компанијата продолжува да се реклами за многу помалку пари.

Исто така, и оние фирми што не се рекламираат на билборд, може да добијат вакви чанти. Здружението има соработка со компанија што изработува и продава рекламен простор, а со дозвола од компанијата што се рекламира, ги дава билбордите за рециклирање.

Освен што изработуваат чанти, eco bag го користат материјалот од билбордот за изработка и на ранци, футроли за лаптоп, паричници, несесери за шминка и слично.