Eco Tuk Tours – 100% ’зелена’ туристичка агенција во Дубровник

26

eco-tuk-tours-dubrovnik-john

Браќата Џон и Анте Даничиќ се сопственици на туристичката агенција Eco Tuk Tours Dubrovnik, којашто е 100% електрична и ’зелена’, пишува Пословни дневник.

Тие користат таканаречени тук тук електрични возила, коишто се први од таков вид во Хрватска и со нив организираат специјализирани мали туристички обиколки низ Дубровник и околината.

“Сакавме да ја збогатиме туристичката понуда на градот и да донесеме нешто ново на пазарот што ќе им овозможи на туристите да уживаат во убавините на Дубровник на еколошки прифатлив начин. По долго истражување наидовме на електричните тук тук возила од коишто бевме воодушевени поради нивниот изглед и можностите што ги нудат“, велат браќата Даничиќ.

eco-tuk-tours-dubrovnik-ante

Најголема предност на агенцијата, според нив, е тоа што на туристите им нудат поинакво доживување на градот и околината.

Во нивната туристичка понуда вметнуваат одредени детали што не може да се најде во понудата на другите агенции, како што е посета на локалните пазари и воениот музеј.