Еден месец во приватна градинка во Швајцарија чини 2.000 евра, а во Шри Ланка само 30 евра

353

Еден месец престој на дете во приватна градинка во Швајцарија чини 2.030,78 евра, што е највисока цена во светски рамки. Во Шри Ланка, пак, престој на дете во приватна детска градинка чини 31,03 евра, покажуваат податоците на Numbeo.

Над и околу 1.000 евра треба да платат и родителите во овие земји, доколку ги пратат нивните деца во приватна градинка: Холандија (1.368 евра), Австралија (1.088 евра) и Велика Британија (9598 евра).

Од земјите во регионот, трошоците за приватна детска градинка во Словенија се највисоки и изнесуваат 365 евра. Во Грција тој трошок за семејниот буџет изнесува 326 евра, додека во Бугарија е 281 евро. Србија е 57-ма во оваа ранг листа со просечни месечни трошоци за едномесечен престој во приватна градинка од 205 евра. Македонија е 70-та во светски рамки со трошоци за приватна градинка за еден месец од околу 135 евра. Зад нас се Босна и Херцеговина (129 евра), Хрватска (128 евра) и Црна Гора (121 евро).

Приватните градинки во Сирија (44 евра), Пакистан (37 евра) и Шри Ланка (31 евро) имаат најниска цена за еден месец.

Фото: Pixabay