Еден милион Македонци имаат Facebook

24

na facebook

Еден милиони Македонци или 46,5% од вкупното население ја користи популарната социјална мрежа – Facebook, покажуваат податоците на Internet world stat.

Кога станува збор за користењето на Facebook, од земјите во регионот најголем е процентот во Црна Гора 51,4%, додека во Србија 3,6 милиони жители или 50,6% ја користат оваа социјална мрежа.

Од околу два милиони жители, во Македонија интернет користат 1.408.278 лица или 68,1%.

Од земјите во регионот, во Косово 84,4% или над 1,5 милиони жители имаат пристап до интернет, додека во Хрватска тој процент е 75, односно над 3,1 милиони Хрвати користат интернет.

Во Босна и Херцеговина 2,6 милиони жители користат интернет што е 68,75, во Србија тој процент е 66,2%, додека во Црна Гора 61,4%.

Во светот има вкупно 3.354.832.772 интернет корисници, од нив 604.147.280 се во Европа. Најголем дел од светскиот “колач“ на интернет корисници зафаќаат жителите на Азија – 1.611.048.215, а бројката во Северна и Јужна Америка заедно е 653.118.726 корисници.