Компанијата на српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ подели ваучери за бесплатен тридневен одмор за здравствените работници кои со коронавирусот се бореа во Србија, Словенија и Хрватска.
Во текот на јуни, јули и август лекари и медицински персонал од Клиниките за инфективни болести во Белград и Клинички центар Војводина, Ковид болниците во Љубљана, Марибор, Целје, Голник и Загреб ќе може да се одморат и релаксираат во луксузни хотели.
Директорот на МК Група, Јован Пурар вели дека пандемијата покажала дека општествената одговорност на компанијата не е и не може да биде само израз на добра волја на компаниите, туку дека тоа е неопходност од хумано и одговорно општество.
“МК Група во текот на летото обезбеди бесплатен тридневен одмор за 450 лекари и друг медицински персонал во свои хотели во Србија, Словенија и Хрватска“, рече Пурар.
Фото: Pixabay