Еден од најмоќните луѓе во технолошката индустрија предупредува: „Нормалните луѓе“ не се подготвени за она што доаѓа

34

За време на презентацијата на својата нова книга, Ерик Шмит зборуваше за предизвиците кои иднината ги носи на човештвото, особено во однос на социјалните мрежи и вештачката интелигенција. Поранешниот извршен директор на Гугл истакна дека немало предвидувања дека социјалните мрежи ќе станат закана за демократијата.

Тој, исто така, предупреди на опасностите што ги носи напредокот на вештачката интелигенција, за која пишува во книгата Genesis: Artificial Intelligence, Hope, and the Human Spirit.

Шмит се фокусираше на фактот дека луѓето не се подготвени за технолошкиот напредок што ќе го донесе вештачката интелигенција и дека владите и процесите на управување не се прилагодени на тие достигнувања.

Еден од неговите најголеми стравови е дека идните пријатели на децата би можеле да бидат системи со вештачка интелигенција, кои би управувале со содржината на која се изложени децата, обликувајќи ги нивните ставови и однесувања. Тој исто така нагласи дека развојот на вештачката интелигенција во само една земја, како што се САД, може негативно да влијае на другите култури.

Шмит заклучува дека транзицијата кон вештачка интелигенција ќе биде предизвик, а нејзиното влијание врз општеството и културата сè уште е неизвесно.