Еден од тројца работници во Грција се вработени со скратено работно време

17

vrabotena-vo-restoran-pixabay

Фото: Pixabay

Речиси еден од тројца работници во приватниот сектор во Грција се вработени со скратено работно време, со што добиваат месечна плата од околу 394 евра, пишува Екатимерини.

Во јануари оваа година, од вкупно 1.751.949 вработени во приватниот сектор, 554.679 се вработени со скратено работно време. Овие вработени во просек добиле дневна плата од само 23,74 евра, додека кај вработените со полно работно време тој износ е 51,47 евра.

Податоците покажуваат дека еден од седум вработени (13,37%) во хотелите и рестораните се жители на Грција, додека во овој сектор работат 23,15% лица од други земји во Европската унија.