Додека компаниите се соочуваат со проблем да пронајдат возачи на камиони, германски старт – ап развива сопствено решение. Еден “возач“ би можел од далечина да управува со дури 50 возила. Станува збор за Fernride, старт – ап што верува дека возачите на камиони од “далечина“ би можеле да бидат логично решение на проблемите со кои се соочуваат логистичките компании во светот, пренесува Handelsblatt.
Основачите на стартапот скоро една деценија ја проучуваат и развиваат технологијата поврзана со со овој концепт.
Возењето на “далечина“ се сметаа како значаен чекор кон автономното возење, а возењето камион би можело да стане канцелариска работа.
И шведската компанија Voysys, развива далечинско управување на камиони преку 5G мрежа.
Возачите би биле сместени во оперативен центар, илјадници километри оддалечени од камионот што превезува товар. На екранот пред себе ќе има приказ од камерите на автономното возило и со него би управувал исто како да се наоѓа зад воланот.
Предност од користење на оваа технологија би била тоа што возачите нема да бидат отсутни од дома, а исто така еден оператор ќе може да замени друг, доколку се измори и слично.
Технологијата, исто така, би овозможила дополнителна безбедност, кога станува збор за операции со висок ризик. На пример, би можеле да се користат за сложени задачи, како што е ракување со дигалка за утовар или истовар.
Фото: Pexels