Во Гибралтар, се укинати забраните за излегување, баровите и рестораните се отворени до два часот по полноќ, како и пред пандемијата. Сосема спротивно од остатокот од Европа каде што мерките се засилуваат поради зголемениот број на заразени.
Во последните денови, одделот за Ковид во локалната болница Сент Бернард беше празен. Нема позитивни. Ова може да се припише не само на претходните строги мерки, туку и на скоро целосната вакцинација. Освен жителите, вакцинирани се и повеќето десетици илјади луѓе кои живеат во Шпанија, но работат во Гибралтар и патуваат секој ден.
Вакцинацијата во Гибралтар, со вакцина доставена од Велика Британија, не беше голем логистички предизвик – целата земја зафаќа површина од 6,5 квадратни километри. Скоро сите се вакцинираа брзо, а само 3% од луѓето одбиваат вакцинација.
Фото: Pixabay