Една четвртина од големите компании во Европа користат роботи

18

Фото: Pixabay

Во текот на минатата година, 7% од компаниите во Европската унија што вработуваат најмалку 10 вработени, користат индустриски или услужни роботи, јавува Eurostat.

Големите компании, со над 250 вработени, најмногу користат роботи, 25% , додека кај средните компании (од 50 до 249 компании) отпаѓаат 12%. Кај малите компании (коишто имаат до 49 вработени) процентот на искористување на услуги од роботи е пет.

Најголем дел на компании што користат индустриски или услужни роботи е забележан во Шпанија (11%), потоа следуваат Данска и Финска (10%) и Италија (9%). Најмал дел е забележан на Кипар (1%), Естонија, Грција, Унгарија и Романија (3%).

Она што Eurostat го подразбира како робот, мора да има механичка структура, сензори, компјутерски компоненти и контролни единици. Роботите според намената се делат на индустриски и услуги. Првите роботи се користат во автоматизирано производство и ги изведуваат своите активности во познато окружување со заштитни мерки, додека услужните роботи имаат одредено ниво на автономија и способност за работа во сложено окружување.