Една четвртина од жителите на ЕУ загрижени за безбедноста на интернет

26

Вкупно 44% од жителите на земјите членки на Европската унија, на возраст од 16 до 74 години, се изјавиле дека ги ограничиле своите приватни интернет активности во последните 12 месеци. Како причина за тоа ја наведуваат безбедноста на интернет, покажуваат податоците на Eurostat.

Активностите што луѓето најчесто ги одбегнувале поради безбедносни проблеми било давање лични податоци на социјалните и професионални мрежи. Поради безбедност на своите податоци, 19% од испитаниците не користеле јавна Wi Fi мрежа, а 17% да преземаат софтвер, апликации, музика, видео содржини, игри и слично, 13% одбегнувале да купуваат на интернет, додека 13% ги избегнувале активностите на интернет банкарството.

Податоците покажуваат дека 1% од жителите на ЕУ се соочиле со финансиска загуба поради кражба на идентитет, лажни пораки или пренасочување на лажни интернет страници.

Безбедносните проблеми со коишто интернет корисниците најчесто се среќавале кога имало кражба на идентитет било при таканаречен pharming.

Фото: Pexels