Пушачите во Австралија имаат најголеми трошоци за нивниот порок, бидејќи една кутија цигари Marlboro во оваа земја чини 18,51 евра. Според податоците на Numbeo, една кутија со 20 цигари е најевтина во Венецуела и чини 0,91 евро.
Земји во светот во коишто една кутија цигари надминува 10 евра се и: Нов Зеланд (16,68 евра), Ирска (12,20 евра), Норвешка (12,10 евра), Велика Британија (11,29 евра) и Исланд (10,22 евра).
Од земјите во регионот, најскапи се цигарите во Грција и чинат 4,50 евра. Следна е Словенија каде една кутија од 20 цигари Marlboro се продава по цена од четири евра, па Хрватска со 3,78 евра. Поскапи цигари од земјава имаат и: Црна Гора (три евра), Босна и Херцеговина (2,81 евра), Бугарија (исто толку), Србија (2,64 евра), Косово (2,50 евра) и Албанија (2,47 евра).
Македонија е 74-та во светски рамки со просечна цена на кутија 20 цигари Marlboro од 2,11 евра.
Освен Венецуела, земји со најниски цени на цигарите се и: Пакистан (0,93 евра), Казахстан (0,94 евра) и Виетнам (0,98 евра).
Фото: Pixabay