Една недела без е-маил за да се намали стресот на работа

69

send-email

Една недела без електронска пошта е иницијатива на италијанската компанија за текстил Gabel. Целта на оваа иницијатива е да се создаде поголемо задоволство на работното место, пишува La Provincia.

Компанијата спроведе истражување за да ги открие причините коишто предизвикуваат стрес на вработените во текот на работниот ден. Во рамки на истражувањето, направени се детални интервјуа со вработените. Податоците покажуваат дека на нивото на стрес значајно влијае големиот број на интерни електронски пораки во компанијата.

Од таа причина, менаџментот на компанијата донесе одлука со којашто бараа од вработените од деветти до 13-ти ноември да се воздржат од испраќање електронска пошта во рамки на Gabel и да се фокусираат на личната комуникација.