Една од најбогатите земји во светот тоне

356

Коронавирусот ѝ наштети дури и на моќната економија на Сингапур, каде паднаа цените на недвижностите и изнајмување, што е највисоко во последните три години. Во последните три месеци тие паднале за 1,2%, пишува Bloomberg.

Ова се должи на неможноста да се продаде недвижен имот, што во моментот владее низ целиот свет, па така и на пазарот познат по најскапите недвижнини и закуп во светот.

“Пазарот на недвижности веројатно ќе остане во благ пад, сè додека невработеноста останува на ниско ниво. Сето тоа зависи од времетраењето на пандемијата“, вели Кристин Сон, шеф на истражувачкото одделение OrangeTee & Tie.

Оваа азиска земја се движи кон својата прва рецесија во последните 20 години. Во последниот квартал, БДП падна 2,2% во однос на истиот период лани, што претставува најголем пад од кризата во 2009 година.

Споредено со претходниот квартал, БДП на Сингапур падна за дури 10,6%.

“Сингапур најверојатно ќе го доживее најголемиот економски пад од осамостојувањето“, рече вицепремиерот на земјата Хенг Сви Кит.

Фото: Pixabay