Една од најбогатите жени во Кина ја презеде Country Garden, водечки инвеститор во областа на недвижнини, откако нејзиниот татко се повлече од функцијата претседател.
Јанг Хуијан го наследи нејзиниот татко Јанг Гуочијанг како претседател на компанијата што тој ја основал.
Јанг (68) поднесе оставка од функцијата претседател „поради старост“, се вели во соопштението.
Јанг беше земјоделец и градежен работник пред да ја основа Country Garden во 1992 година. За нешто повеќе од една деценија, фирмата прерасна во еден од најголемите инвеститори во недвижности во земјата.
Компанијата излезе на берза во Хонг Конг во 2007 година и во таа прилика собра рекордни 1,7 милијарди долари. Минатата година Country Garden беше број 1 во Кина во однос на продажбата, која достигна 67 милијарди долари, пренесува CNN.
Фото: Facebook