Една од најголемите европски финтех компании, Zepz планира аквизиции

80

Zepz, сопственик на компаниите за трансфер на пари WorldRemit и Sendwave, бара спојувања и превземања по намалувањето на 26% од својата работна сила минатиот месец, изјави извршниот директор на компанијата за CNBC.

Со проценка од пет милијарди долари, Zepz е една од најголемите финтех компании во Европа, поддржана од водечки инвеститори вклучувајќи ги Accel, TCV и Leapfrog.

Компанијата им овозможува на корисниците да испраќаат пари од паметен телефон или компјутер на луѓе во странство, кои можат да ги добијат на нивната банкарска сметка, мобилен паричник или како полнење на мобилен телефон.

Услугата е предизвик за големите банки и на пример Western Union поради поевтините провизии и можноста за брзо движење на средствата. Близок ривал е Wise, кој исто така тврди дека нуди поевтини меѓународни трансфери на пари од банките.

Марк Ленхард, извршен директор на Zepz, рече дека компанијата бара да го зголеми своето портфолио на бизниси во обид да поседува поголем дел од глобалниот колач за дигитални плаќања.

Ленхард не идентификуваше кои компании Zepz сака да ги купи, но рече дека остриот пад на вреднувањата на приватните финтех го направил привлечно време за започнување на истражување за М&А, пишува sveonovcu.rs.