Една од највредните софтверски компании преземена за речиси 70 милијарди долари

82

Американскиот производител на чипови Broadcom склучи договор од 69,5 милијарди долари за купување на софтверската компанија VMware.

Акционерите на VMware ќе можат да изберат дали ќе добијат 142,5 долари во готовина или 0,2520 акции во Broadcom за секоја акција што ја поседуваат во софтверската компанија, што е премија од 33 отсто од нејзината вредност пред почетокот на минатонеделните преговори, пренесе Biznis.rs .

Со овој договор, производителот на полупроводници ќе се трансформира во диверзифицирана технолошка компанија, чиј бизнис ќе вклучува микрочипови и услуги за компјутерски облак.

Милијардерот на чело од Broadcom, Хок Тан ги истражува опциите за договори со софтверски компании откако Доналд Трамп го блокираше неговиот обид да го купи Qualcomm поради загриженоста за националната безбедност.

Според договорот со VMware, Тан презема една од највредните и најпрофитабилните софтверски компании.