Една третина од тестирани шишиња Шкотско виски се покажале како фалсификат

35

Фото: Pixabay

Повеќе од една третина шишиња ретко Шкотско виски коишто биле подложени на специјална лабораториска анализа се покажале како фалсификати, пишува BBC.

Дури 21 од 55 шишиња виски не биле произведени во годината назначена на пакувањето.

Тестовите биле извршени во Универзитетскиот центар за истражување во Источен Килбрајд (SUERC), со помош на техниката радиојаглеродно датирање.

Шишињата биле земени од аукции, приватни колекции и продавачи. Вкупно 10 Сингл Малт шишиња на коишто пишувало дека се од 1900 година и порано, биле фалсификат.

Примероците биле испратени на анализа по иницијатива на виски брокерот Rare Whisky 101 (RW101), токму поради сè поголемото фалсификување на овој пијалaк.