Едно од најголемите пристаништа останува затворено шести ден по ред

180

Кинеското пристаниште Нингбо-Жушан, третото по големина по сообраќај во светот, остана делумно затворено шести ден по ред, и предизвика загриженост дека ограничувањето на неговата работа ќе ја наруши трговијата во регионот на долг рок.

Пристаништето нема објавено никакви ажурирања за својата работа од средината на минатата недела, кога ги запре сите дојдовни и појдовни контејнерски услуги на својот терминал Мејшан, откако еден вработен во него беше позитивен на вирусот Ковид-19.

Консултантот GardaWorld процени дека терминалот сочинува околу 25% од товарот со контејнери преку пристаништето, а раководството соопшти дека ќе ги пренасочи бродовите кон други терминали и ќе го прилагоди работното време на другите пристаништа.

Транспортната компанија Yang Ming Marine Transport ги предупреди клиентите за потенцијален “метеж на други пристаништа“ поради делумно затворање што продолжи утрово, додека Orient Overseas Container Line ги предупреди клиентите да ги проверат терминалите пред да организираат влез во Нингбо.

Данскиот Maersk во петокот објави дека има еден брод во мирување на терминалот Мејшан и дека сите негови бродови ќе го напуштат Нингбо до крајот на август.

Откако ја стави под контрола епидемијата на корона вирусот во Вухан минатата година, Кина пристапи со нулта толеранција за Ковид-19, преземајќи строги мерки дури и по поединечни случаи, особено на стратешки локации како што се пристаништата.

Фото: Pixabay