Едно овошје ги поврзува Шпанија, Јужна Африка и Египет…

32

Шпанија, Јужна Африка и Египет е трите најголеми извозници на портокали во светот. Според податоците, Шпанија лани од извоз на портокали инкасираше 1,3 милијарди долари, по што следи Јужна Африка со 770 милиони долари и Египет со 666 милиони долари.

Во топ 10 најголеми извозници на ова вкусно овошје се: САД (625 милиони долари), Холандија (296 милиони долари), Австралија (230 милиони долари), Хонг Конг (169 милиони долари), Грција (161 милиони долари), Турција (исто толку) и Италија (128 милиони долари).

Од земјите во регионот, Словенија е 24-та со извоз на портокали од 12,6 милиони долари. Бугарија е на 49-то место со извоз од 2,2 милиони долари, додека Србија е 20 места подолу со извоз на портокали од 327.000 долари. Хрватска е на 80-та позиција со извоз од 105.000 долари, додека Македонија е 92-ра со извоз од 40.000 долари извоз на портокали.

Фото: Pixabay