Едноставна формула како да одговорите на прашањето “Кажете ни нешто за себе“

411

Првото прашање на разговорот за работа е најчесто “Кажете ни нешто за себе“. Иако изгледа како многу едноставно прашање, на многумина им претставува проблем, бидејќи не знаат од каде да почнат, колку детално треба да се претстават, треба ли да зборуваат повеќе за работата или за приватни работи, да ги повторат фактите од CV или да раскажат нешто друго.

Понекогаш од преголема желба да ја добиете работата “прегорувате“. Извршниот директор и основач на бизнис порталот The Muse, пренесува едноставна формула како да одговорите на тоа прашање.

Формулата сегашност – минато – иднина, што ја предлага, говори дека треба да започнете со тоа каде сте сега, потоа да се вратите во минатото за да ги опишете своите искуства и вештини кои сте ги стекнале, а да завршите со иднината, односно да потенцирате зошто ја сакате конкретната работа.

Па така, наместо да ја прераскажувате цела ваша животна приказна или CV, искористете ја оваа формула. Запамтете дека е важно во претставувањето да се фокусирате на вашите искуства и вештини кои ќе бидат релевантни за работното место за кое се пријавувате.

Фото: Pixabay