Едукативната платформа Brainster почна со работа

113

1

На огромно задоволство јас и мојот тим Ви соопштуваме дека ја лансиравме новата платформа Brainster.

Визијата на Brainster е да го претвори градот во универзитет, секој простор во училница и секој од нас во инструктор и студент.

Уште првиот ден од лансирањето на Brainster ќе може да најдете различни курсеви, од курс за фотографија до курс за Storytelling: Како да пишувате за странски медиуми, кој можете да го добиете за неверојатно ниска цена. Иако инструктрите сами ја одбираат цената по која ќе го понудат курсот, ние ги советуваме таа да биде достапна за сите.

PrtSc

Brainster ќе функционира на следниот начин: Инструкторите го поставуваат курсот на платформата, ја формираат цената, бројот на слободни места и ја одбираат локацијата. Слушателите ги одбираат курсевите преку платформата, со можност за попусти и награди како мотивација да учат и посетуваат курсеви, а инструкторите ќе бидат исплатени во зависност од интересот за нивниот курс. Brainster како платформа ќе задржи процент. Секој може да се вклучи, стартува курс и да заработува од едукативната платформа, а првите курсеви се веќе поставени на платформата и ќе се одржат на многу кул локации како co-working простории, акселератори, инкубатори, работилници, па дури и во кафулиња.

Сигурен сум дека ќе бидете заинтересирани да посетите еден од бесплатните курсеви кои инструкторите ги креираа за Вас:

Стартап Викенд Академија: Од идеја до успешен бизнис

Запознавање со Laravel: Целосна веб апликација од нула

Доколку сè уште не сте се регистрирале на платформата, сега е вистинско време да го направите тоа и да се вклучите во BRAINSTER заедницата!

sosuy

Формалното образование никогаш нема да може да биде во чекор со потребите на пазарот на труд. Ние ќе го промениме начинот на кои луѓето учат нови вештини засекогаш.

По повод започнувањето со работа на Brainster, би сакале на сите читатели да им овозможиме посебна прилика за учество на било кој од курсевите со попуст од 20% со внесување на промотивниот код  brainster20. Купонот за попуст може да се искористи до 26 октомври.

Ние започнавме револуција во образованието, приклУЧЕТЕ ни се!

Учи, сподели, вмрежи се, Brainster.

Петар Ниновски