Египет потпиша историски договор: Со помош на Емиратите ќе градат град за неверојатни 35 милијарди долари

48

Во петокот египетските власти потпишаа историски договор со претставници на Обединетите Арапски Емирати, кој ќе овозможи изградба на нов град за 35 милијарди долари.

Имено, градот Рас ел Хекма ќе биде изграден на северозападниот брег на земјата и ќе биде новиот масивен, урбан, деловен и туристички центар на Египет.

„Проектот западно од Александрија ќе го спроведуваат компании во сопственост на владата на Абу Даби. Непосредните странски директни инвестиции ќе му помогнат на Египет да ја надмине сегашната валутна криза“, изјави египетскиот премиер Мостафа Мадбули.

 

Како што истакнаа надлежните, проектот на новиот град ќе опфати станбени области, престижни меѓународни хотели, туристички одморалишта, забавни и услужни објекти и централна деловна област која ќе привлече светски компании.

„Проектот би опфатил и голема марина за туристички јахти и бродови. Очекуваме дека новиот град ќе привлече осум милиони туристи во Египет“, рече премиерот.

Преку овој договор, Емиратите и Египет се договорија и за развој на меѓународен аеродром, кој треба да се наоѓа јужно од градот, пренесува Klix.ba.

„Египет ќе добие директно 24 милијарди долари на две рати од вкупната сума во почетната инвестиција од 35 милијарди долари. Во меѓувреме, ОАЕ ќе се откажат од своите 11 милијарди долари странски депозити во Централната банка на Египет. Тој чекор ќе го намали надворешниот долг на државата“, заклучи премиерот.