
Египет преговара за купување на милион тони руска пченица преку договор меѓу двете влади, изјавија за Блумберг неименувани извори запознаени со ова прашање.
Во тек се разговори за испорака на жито оваа сезона, но не се знае колку двете земји се блиску до договор.
Како што потсетува Блумберг, Египет е еден од најголемите светски увозници на пченица и неговите купувања внимателно се следат како глобален репер.











