Egloo – мини греалка што наместо струја користи свеќи

98

egloo

Egloo е мал креативен изум што ќе помогне во намалување на потрошувачката на електрична енергија за затоплување на домот со помош на неколку свеќи.

egloo 2

Оваа мини греалка создава поевтина и еколошка енергија, благодарение на теракотата што ја апсорбира топлината од свеќите и бавно ја ослободува.

egloo 1

За да може Egloo да ослободува топлина доволни се четири свеќи. Дури и да се изгаснат свеќите, Egloo има доволно апсорбирана енергија што полека ја ослободува и го затоплува просторот.

egloo 3

Со просечна работа од пет часа, овие четири свеќи можат да затоплат површина од 20 метри квадратни. Употребата на Egloo е едноставна бидејќи потребно е да се постават свеќите на подлогата и за околу пет минути веќе ќе почне да го затоплува просторот. Цените на Egloo се движат од 60 до 110 долари.

egloo vnatre

Зад дизајнот на Egloo стои Марко Загариа, студент на Академијата за уметности во Рим. Тој на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, успеа да собере 262.268 долари за поддршка на неговата идеја.