eGo – сервис за споделување електрични автомобили во Романија

28

elektricen-avtomobil-pixabay

Фото: Pixabay

Банката Banca Comercială Română (BCR) го отвори eGo сервисот за споделување на автомобили во Романија, пишува Romania Insider.

Клучот за автомобили се заменува со бесконтактна кредитна картичка. Сервисот опфаќа BMW i3 автомобили, коишто се 100% електрични.

Сервисот eGo е достапен преку апликација што овозможува лоцирање и резервирање на автомобили. Услугата за споделување на автомобили, за почеток вклучува флота од 20 возила, а планирано е да се зголеми бројот на автомобили доколку има побарувачка.

Во главниот град на Романија, оваа услуга ќе може да ја користат лица кои имаат банкарска сметка и бесконтактна картичка на BCR.