ЕИБ во Западен Балкан инвестирала 873 милиони евра

32

Европската инвестициска банка (ЕИБ) инвестираше 873 милиони евра во Западен Балкан во текот на 2020 година и со тоа забележа раст од скоро 50% во споредба со 2019 година.

“Во текот на 2020 година беа инвестирани 873 милиони евра во регионот на Западен Балкан, што е скоро 50% повеќе отколку во 2019 година. Кога станува збор за заеми и грантови, од вкупниот износ, 856 милиони евра беа наменети за тоа. Повеќето од проектите кои ги потпишавме или одобривме минатата година се во транспортниот сектор, но и енергетските и здравствените сектори, како и инвестициите во управувањето со отпадните води“, изјави потпретседателката за регионот, Лилjана Павлова.

Таа посочи дека ЕИБ обезбедува голема поддршка на земјите од Западен Балкан, како и дека тие се горди што се водечки финансиер во регионот.

“Ние сме единствената институција која обезбедува не само финансиски средства, туку и совети во многу области“, рече таа.

Фото: Freepik