ЕК бара уредбата за роаминг да се продолжи за следните 10 години

37

Европската комисија (ЕК) предлага да се продолжи уредбата со којашто се укинува роамингот за следните 10 години.

Актуелната уредба, со којашто е укинат надоместокот за роаминг во рамки на Европската унија и Европскиот економски простор истекува во 2022-ра година, а се предлага да биде продолжена за уште 10 години.

Освен тоа, новата уредба ќе им даде на потрошувачите право на квалитет и брзина на врските во мобилната мрежа во странство исто како дома, каде што се достапни еквивалентни мрежи. Новите правила се очекува да обезбедат и поефикасен пристап до итните служби.

Според анализата на Eurobarometar, 33% од лицата кои патувале во ЕУ се пожалиле на намалена брзина на мобилниот интернет кога се востранство во однос на брзината што ја имаат дома. Со новиот предлог тоа не би требало да се случува. Тоа значи дека ако корисниците имаат 4G или 5G не би требало да имаат пониска мрежна брзина во роаминг, каде што се достапни овие мрежи.

Фото: Pexels