ЕК блокира 10,4 милијарди евра наменети за Романија

50

Европската комисија ја извести Романија дека ќе и бидат блокирани 10,4 милијарди евра од европските фондови за развој, а причина за тоа е загриженоста за корупција и измама. Блокирани се средства од програми за различни сфери, вклучувајчи ги развој на транспорт, регионален развој, како и зголемување на конкурентноста.

“Одлуката е последица на откриени недостатоци во системот за управување со средства и контрола на нивното искористување според препорачаните програми”, стои во официјалното писмо, пренесуваат бугарските медиуми.

Проблемот со правилно искористување на средствата предвидени за европроектите е актуелен не само за Бугарија и Романија, туку за цела Источна Европа. Во случајот на Романија, за периодот 2007 – 2013 година од европските фондови беа предвидени 19,2 милијарди евра за различни проекти за развој. До 30 септември 2012 година, Букурешт искористил само 9,7% од таа сума.