ЕК ги предупредува земјите членки сами да не набавуваат вакцини

37

Комесарката за здравство при Европската комисија (ЕК), Стела Кириакидес ги предупреди земјите членки на Европската унија да не се обидуваат да склучуваат посебни договори за набавка на вакцини бидејќи со заеднички договор тоа право го пренеле на Комисијата.

“Дозволете ми да ве потсетам дека со одобрување на договорот за делегирање на преговорите за набавка на вакцини на Европската комисија прифативте дека нема да отворате сопствена постапа за набавка на вакцини со исти производители“, рекла таа.

Земјите членки на ЕУ минатата година дадоа мандат Европската комисија во нивно име да преговара и да склучува договори за набавка на вакцини.

Во изминатите денови се крена голема прашина околу објавата на Германија дека склучила билатерален договор со BioNTech и Pfizer за набавка на дополнителни 30 милиони дози. Исто така, Кипар се обидел да склучи договор со Израел за набавка на вакцини.

Европската комисија досега потпиша договори за набавка на вакцини од шест различни производители, од кои две се веќе одобрени и се користат – на Pfizer и BionTech и на Moderna.

Фото: Freepik