ЕK ќе преговара директно со Русија за Јужен тек

24

Juzni tokЕвропската комисија ќе има водечка улога и ќе дејствува како адвокат при преговорите со Русија за Јужен тек, соопшти во Брисел еврокомесарот за енергетика Гинтер Ојтингер. Вчера тој разговараше со министрите за енергетика од шесте европски земји, во кои би можел да поминува гасоводот. Се очекува земјите да испратат официјални писма со кои ќе и дадат право на комисијата да преговара со Русија во нивно име.

Според ЕК, проблемот со Јужен тек е тоа што сегашните договори со одделни земји ги кршат европското законодавство, бидејќи не даваат пристап до гасоводот на други добавувачи и има проблем со формирањето на цените.

Деталите допрва ќе се дискутираат со експерти, а во тоа време еврокомесарот Ојтингер ќе ги продолжи преговорите со Русија. Можно е сепак Москва да одбие да преговара со него, бидејќи договорите се меѓу Русија и поединечните земји, а не меѓу Русија и Европската унија.

Според информациите од канцеларијата на еврокомесарот за енергетика, на состанокот присуствувал и висок претставник на српската влада, бидејќи Србија, како и Македонија, се двете земји-кандидати за членство во ЕУ што имаат потпишано билатерални договори за гасоводот Јужен тек, покрај Бугарија, Унгарија, Словенија, Австрија, Грција и Хрватска.

ЕК, сепак, препорачува дека и Македонија ќе мора да го смени билатералниот договор со Русија, бидејќи во спротивно, заедно со Србија, како кандидати за членство ќе го прекршат законодавството на ЕУ, за што може да добијат полоши санкции од оние што ги очекуваат земјите-членки на Унијата опфатени со рускиот гасовод, пишува МИА.

Ако финалните договори не одговорат на европските закони, земјите можат да бидат дадени на суд и да плаќаат казни.