ЕК одобри државна помош за Croatia Airlines

7

Европската комисија одобри државна помош за хрватскиот национален авиопревозник, Croatia Airlines, во вредност од 11,7 милиони евра. Средствата се насочени кон надоместување на штетите што ги предизвика пандемијата.

“Комисијата утврди дека државната поддршка од 11,7 милиони евра на авиопревозникот во државна сопственост, Croatia Airlines е во склад со правилата на ЕУ“, објави Комисијата.

Хрватската влада на средината на минатиот месец одобри државна поддршка на националниот авиопревозник за надомест на штетите настанати во период меѓу 11-ти март и 30-ти јуни оваа година, во висина од 11,7 милиони евра.

Парите се обезбедени преку ребаланс на буџетот.

Фото: Facebook