Европската комисија достави предлози до Советот на Европската унија за издвојување 81,4 милијарди евра на 15 земји-членки на ЕУ за да помогне во ублажување на ефектите од пандемијата врз вработувањето. Откако предлозите ќе бидат одобрени од Советот на ЕУ, финансиската поддршка ќе биде обезбедена во форма на заеми што ЕУ ги дава на земјите-членки по поволни услови.
Како што беше планирано, државите ќе добијат помош преку Привремениот инструмент за намалување на ризик од невработеност, дизајниран да ги заштити вработените и работните места погодени од пандемијата на коронавирус.
Меѓу 15-те кандидати на списокот се најтешко погодените земји како Италија, кои ќе добијат 27,4 милијарди евра, а на Шпанија ќе бидат издвоени 21,3 милијарди евра. Полска најверојатно ќе добие 11,2 милијарди евра, Белгија 7,8 милијарди евра, Романија четири милијарди евра и Грција 2,7 милијарди евра.
“Само четири месеци откако го предложив неговото создавање, Комисијата предлага да обезбеди 81,4 милијарди евра во рамките на инструментот SURE за заштита на работните места и работниците погодени од пандемијата на коронавирус ширум ЕУ“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен.
Фото: Freepik