ЕК предлага 750 милијарди долари за развој на енергетскиот сектор

75

Европската комисија (ЕК) го предложи финансискиот инструмент Next Generation вреден 750 милијарди евра, што ќе овозможи мобилизација на приватни инвестиции во енергетскиот сектор.

Се наведува дека инвестициите во енергетскиот сектор, во рамки на Европскиот зелен план за постигнување климатска неутралност до 2050 година, може значајно да придонесат за закрепнување и да отвори можност за раст и вработување.

За европските претставници е неопходно зајакнување на регионалната соработка, координација и солидарност што се неопходни за решавање на енергетските предизвици со коишто се соочува регионот.

Фото: Pixabay