ЕК со методологија ќе се бори против фрлањето храна

31

Европската комисија усвои методологија за мерење на фрлањето храна што треба да овозможи полесно следење и решавање на проблемот.

“Фрлањето на храна е неприфатливо во свет во којшто гладуваат милиони луѓе и во којшто се намалуваат природните ресурси, што овозможуваат живот. Поради тоа дефиниравме превенција за фрлање на храната“, вели Франс Тимерманс, потпретседател на Комисијата.

Секоја година околу 20% од храната произведена во Европската унија се губи или завршува на отпад. Методологијата на мерење се темели на заедничка дефиниција за фрлање на храната, што ќе им овозможи на земјите членки да го мерат вишокот храна на секој степен во ланецот на дистрибуција.