По повод Светскиот ден на животната средина, 5 јуни, вработените во Македонски Телеком организираа еко акција за чистење на парк шумата Водно.
Во акцијата учествуваа над двесте вработени кои заедно со своите деца ги чистеа од отпадоци патеките од ОУ Кочо Рацин до Средно Водно.
Оваа акција е дел од долгорочната иницијатива #Telekom Goes Green, со која досега се опфатени повеќе акции и проекти за подобра животна средина, како што се: создавање сензори и паметни маски против загадувањето, набавка на електрични возила, употреба на електрични велосипеди итн.