Во организација на Здружението за уметност, креативност и култура Деница, а во соработка со Глобалниот еколошки фонд Програма за мали грантови – ГЕФ ПМГ Македонија, денеска и утре во Скопје се одржува Еко – саем за проекти за мали грантови.
На отворањето на Еко саемот ќе се обратат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, заменик постојаниот претставник на UNDP во Македонија, Алесандро Фракасети, и претставникот за ГЕФ Македонија, Златко Самарџиев.