Еколошки изум: Шишиња за вода од алги што се распаѓаат штом се испразнат

44

sise od algi

Ари Јонсон, студент по дизајн од Исланд, користи прав од црвена алга и го комбинира со вода за да направи биоразградливи шишиња, пишува Dezeen.com.

Откако открил колкаво количество на пластичен отпад се произведува секоја година, Јонсон решил да развие материјал што ќе ја замени пластиката.

“Прочитав дека 50% од пластиката се користи само еднаш и потоа се фрла, па затоа почувствував потреба итно да најдам начин да се замени пластиката, којашто ја користиме и ја фрламе секој ден. Зошто да користиме материјали на коишто им се потреби стотици години да се разградат само да се напиеме еднаш и да ги фрлиме?“, вели Јонсон.

Тој започнал со истражување на силните и слабите страни на различни материјали за да може да утврди кој од нив може да се користи како шише за вода.

Тој започнал да користи прав од црвена алга (агар) којшто во допир со вода станува како желатин. Оваа смеса ја загреал на одредена температура по што ја ставил во калап во форма на шише. Калапот, потоа, го става во фрижидер за да се стврдне. По извесно време, го става калапот во студена вода за да ја извади формата на шишето.

Сè додека има вода во шишето, тоа ќе ја задржи својата форма, но штом се испразни почнува да се распаѓа.