Еколошки, огноотпорен материјал од растенија и глина

193

Фото: Pixabay

Научници од Универзитетот A&M во Тексас создадоа еколошки материјал, отпорен на оган, од обновливи, нетоксични природни елементи. Истиот може да обезбеди одлична заштита за тапациран мебел, текстил  и изолација пишува Engineering ATM.

Материјалот спречува горење на полиуретанската пена, којашто најмногу се користи во мебелот. Во неговиот состав се вклучени нано влакна од целулоза, добиена од клеточните ѕидови на одредени растенија, и нано слоеви од глина.

Кога смесата ќе се излади, се формира цврста структура, налик на ѕид којшто не пропушта кислород и ја минимизира количината на топлина што може да допре под неа. Освен што е огноотпорен, овој материјал е многу поевтин од останатите решенија на пазарот.