Еколошки ролетни од хартија

56

Дизајнерка од Тајланд создаде колекција на хартиени ролетни коишто се одржлива и еко алтернатива на пластичните, пишува Dezeen.

Начар Саватдичаи, дипломец од универзитетот Kingston од Лондон, ги креираше овие ролетни со цел да обезбеди подобро решение на едноставен начин. Како што вели таа, хартијата е материјал што е насекаде достапен и лесно се прилагодува и што е најважно во овој случај ја заменува штетната пластика што е премногу распространета.

Ролетните се изработени од рециклирана хартија или останати извори на хартија што не ѝ штетат на околината. Со цел да се добие финалниот производ ролетните се сечат и обработуваат машински, а потоа се моделираат и лепат рачно. Потребни се шест до седум часа за да се направи една хартиена ролетна.

Првата колекција на ролетни е наречена Through the Day (Преку ден), а е достапна во четири бои: топло бела, кралско сина, песочно жолта и темно розова. Ролетните се дизајнирани да бидат лесно заменети.

Фото: Natchar Sawatdichai