Еколошки супербрз воз од 2024 година на француските шини

58

Францускиот претседател Емануел Макрон  претстави модел на еколошки супербрз воз од следната генерација, познат како ТGV.
Првиот TGV започна да работи пред четири децении. Макрон го истакна еколошкиот аспект на новиот воз на презентацијата на железничката станица Лион во Париз, наведувајќи дека Франција мора да одговори на климатските предизвици со помала емисија и промовирање на нови форми на енергија.

Макрон зборуваше пред моделот на воз во природна големина, кој ќе може да прими 740 патници, додека во претходната верзија тој изнесуваше 600 патници, пренесува АП.

Возот ќе почне да сообраќа во 2024 година. Ќе користи петтина помалку електрична енергија од сегашниот модел, и ќе одржува максимална брзина од 320 километри на час.