Економијата на Турција порасна за 1,8% во 2020 година

35

Економијата на Турција порасна за 5,9% во четвртиот квартал, а во целата 2020 година оствари раст од 1,8%, според објавените статистички податоци.

Ова ја прави Турција една од ретките земји чии економии успеаја да избегнат пад во годината на пандемија на коронавирус.

Се предвидува дека економскиот раст во четвртиот квартал ќе биде 7,1% и ќе порасне за 2,3% на годишно ниво, објави турскиот весник Daily Sabah.

Фото: Pixabay