Економистите предупредуваат: Постои растечки ризик светската економија да западне во рецесија оваа година

Постои висок ризик глобалната економија да западне во рецесија оваа година, според анкета на економисти објавена денес.

На прашањето за ризикот од глобална рецесија оваа година, мнозинството експерти анкетирани од Ројтерс, 101 од вкупно 167, одговориле дека таков ризик е „висок“ или „многу висок“, додека 62 сметаат дека ризикот е „низок“, а само четворица дека е „многу низок“.

Многу економисти веруваат и дека царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп го повредиле расположението на бизнисот, објавува „Гардијан“.