
Економската активност во еврозоната е најниска во речиси три години во август, објави денеска Markit Economics, наведувајќи дека, според прелиминарната проценка, Композитниот индекс на менаџери за набавка (PMI) во еврозоната падна на 47,0 во август од 48,9 поени во јули.
Пазарите очекуваа PMI да падне благо на 48,5 поени во август. PMI е параметар кој се користи како показател за економската активност, а резултатот под 50 укажува дека економијата е во состојба на контракција, односно пад на економската активност.
Ова е трета контракција во еврозоната оваа година, а композитниот PMI е најнизок од ноември 2020 година.
Како што е наведено на веб-страницата на глобалната компанија S&P, PMI во услужниот сектор падна на 48,3 поени во август од 50,9 поени во јули, додека PMI во производството благо порасна на 43,7 поени од 42,7 поени во јули.
– Услужниот сектор во еврозоната е во пад, пред сè поради падот на германскиот услужен сектор – изјави Сајрус де ла Рубија, главен економист на Хамбуршката комерцијална банка. Тој прогнозира дека економијата на еврозоната ќе се намали за 0,2 отсто во третиот квартал.