Економската состојба на деловните субјекти е поволна, се очекуваат нови вработувања

24

pexels-photo-320621Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во февруари 2018 година е за 0.3 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на февруари 2017 година е зголемен за 2.4 процентни поени, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2018, во однос на јануари 2018 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на јануари 2018 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2018 година е поповолна во однос на
претходниот месец, а поповолна е и во однос на февруари 2017 година. Се очекува бројот на вработените да порасне.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2018 година изнесува 66,9% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 21,4%, недоволната странска побарувачка со 19,0%, недоволната домашна побарувачка со 18,4% и неизвесното економско опкружување со 10,4%.