
На Германија ѝ треба помалку бирократија и повеќе пазарни принципи за да избегне непотребни трошоци, е заклучокот од студијата објавена од Центарот за социјална пазарна економија Лудвиг Ерхард.
„Пазарните пристапи обично вклучуваат помалку бирократија, бидејќи се засноваат на општи правила и бараат помала државна контрола и надзор“, рече Сара Некер, директорка на центарот.
Таа предупреди на негативен тренд бидејќи германските компании од година во година треба да издвојуваат сè повеќе средства поради зголемениот број регулативи.











