
Турција денеска ја зголеми каматната стапка од 8,5 отсто на 15 отсто, јавува британскиот јавен сервис Би-Би-Си.
Зголемувањето од 6,5 поени беше многу помалку отколку што очекуваа економистите, но означи голема промена на политиката од страна на новиот економски тим кој се бори со зголемената инфлација.
Досега турскиот лидер инсистираше на намалување на каматните стапки.
Инфлацијата достигна речиси 40 отсто, а Турците се борат со трошоците за живот.











