Експертите советуваат: Инвестирајте во вакцини, пазарот догодина ќе вреди 217 милијарди долари

33

Земјите ширум светот инвестираа милијарди долари во вакцини против коронавирус, а според проценката на германската DZ Bank, следната година ќе биде уште подобра за тој пазар.

DZ Bank проценува, врз основа на бројот на жители во светот и потребата да се примат две дози, дека годинава се потребни околу 6,6 милијарди дози вакцини, а следната година ќе бидат потребни дури 10 милијарди.

Експертите од DZ Bank во студијата пресметале, врз основа на најавите за производство и цената на вакцините, дека пазарот на вакцини оваа година ќе тежи  93 милијарди долари. Финансиската “торта“ е поделена на четири одобрени вакцини – Pfizer, Moderna, AstraZeneca и Johnson & Johnson, според германската банка.

Следната година, експертите на DZ Bank проценуваат дека пазарната вредност ќе се зголеми на 217 милијарди долари. Бидејќи очекуваат дека  корона вирусот ќе биде присутен подолго време и дека ќе биде потребно “освежување“ на имунитетот со вакцината, експертите на DZ Bank ги советуваат инвеститорите да инвестираат во вакцини.

Фото: Freepik