Експлоатација на златото мора да биде поеколошка

63

Ископување на златото како процес мора да се фокусира на користење енергија од обновливи извори, со цел да ја намали емисијата на штетни гасови во рамки со Парискиот договор, објави Светскиот совет за злато.

Притисокот врз рудниците за злато да ја оправдаат високата емисија на штетни гасови при ископување расте ова година, откако се зголемија цените на овој благороден метал, што се смета за сигурна инвестиција во услови на нестабилност и криза.

Емисијата на штетни гасови во оваа индустрија до 2050-та година би требало да се намалат за 80%, за да се урамнотежат со актуелните договори.

Се верува дека замена на 45% од електричната енергија од мрежа и струја добиена од фосилни горива, ќе ја врати индустријата на посакуваното ниво.

Врз основа на податоците на 158 рудници на злато во светот, се предвидува дека производството на злато ќе остане скоро иста во следната декада, но енергетски интензивните рудници ќе мора да поработат на својата енергетска ефикасност.

Големиот производител на злато, Newmont објави дека работи на остварување на овие цели преку инсталирање на ветерница и сончеви панели во некои од рудниците, за што планира да инвестира околу 500 милиони долари.

Фото: Freepik